Русија достави црна листа до Црна Гора: Меѓу непожелните се Мило Ѓукановиќ и премиерот Марковиќ


Премиерот на Црна Гора Душко Марковиќ, претседателот на Собранието Иван Брајовиќ и претседателот на владејачката Демократска партија на социјалистите Мило Ѓукановиќ се само некои од имињата, кои се наоѓат на „црната листа“ на Кремљ, на кои им е забранет влез во Русија, пишува подгоричкиот весник „Побједа“.

Повикувајќи се на дипломатски извори, весникот пишува дека на истатата листа се и министри и пратеници, кои се залагале за приклучување на Црна Гора кон НАТО.

Од црногорското Министерство за надворешни работи е најавено дека ќе биде испратено барање до руското МНР да му достави листа на непожелни лица, со цел да се избегне ситуацијата, која му се случила на пратеникот Миодраг Вуковиќ.

Меѓутоа, според информациите на „Побједа“ Москва нема обврски, ниту намера, да ја обелодени листата на непожелни личности од Црна Гора.

Извор на весникот, близок до руски дипломати тврди дека на црната листа се сите членови на Владата, пратеници, пред се оние 46, кои гласале за Протоколот за пристапување во НАТО, како и директори на поголеми државни компании.

– Листата содржи имиња на најмалку 70 лица, на кои Москва стриктно ќе се придржува на аеродромските пасошки контроли. Дури се проверувани и пратениците на Демократскиот фронт на своите патувања, изјави истиот извор.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1