Русија го зазеде Крим без ниеден испукан куршум


Стотици вооружени лица во камиони и оклопни возила опколија украинска воена база на Крим, спречувајќи ги војниците внатре да го напуштат објектот.

Помалку на број од напаѓачите, украинските војници поставиле тенк на капијата на базата и двете страни се најдоа во пат-позиција.

ukraina6666Во Киев, новиот украински премиер го повика рускиот претседател Владимир Путин да ја повлече неговата војска предупредувајќи дека “ние сме на работ на пропаст”.
Премиерот Арсениј Јаценук ја даде изјавата еден ден откако руските сили го зазедоа стратешкиот полуостров Крим во Црното Море без еден испукан куршум.

“Руската Федерација немаше никаква причина да ја нападне Украина”, изјави Јаценук по седницата на неговиот нов Парламент во Киев што се одржа зад затворени врати.
За сега новата влада во Киев е немоќна да реагира на воената тактика на Русија.
Вооружени напаѓачи без никакви обележја се движат слободно низ овој стратешки остров, окупираат аеродроми, искршија опрема во една воздушна база и опколија украинска пешадиска база.
Клучната руска Флота на Црното Море е стационирана на полуостровот Крим што порано беше дел од Русија до 1954 година и речиси 60 отсто од жителите на Крим се идентификуваат како Руси.

Путин ги заушува повиците на Западот да ги повлече трупите, инсистирајќи дека Русија има право да ги заштити своите интереси и населението што го користи рускиот јазик на Крим и на други места низ Украина.
Меѓутоа нема знаци дека етнички Руси се соочуваат со напади на Крим или на кое било друго место низ Украина.
Претседателот на САД Барак Обама завчера имаше 90-минутен телефонски разговор со Путин и изрази “длабока загриженост” бидејќи Русија очигледно го нарушува суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина, соопшти Белата куќа.
Обама предупреди дека “постојаното кршење на меѓународните закони од страна на Русија ќе доведе до поголема политичка и економска изолација”.

Неидентификуваните трупи вчера застанаа пред украинската воена база во Перевалне на Крим во конвој од најмалку 13 камиони и четири оклопни возила со намонтирано автоматско оружје.
Во секој од камионите со руски регистерски таблички имало по 30-тина војници.
Десетина украински војници, некои со наредена муниција на автоматските пушки, стоеја на другата страна на капијата.
Ниедна од страните не сакаше да даде коментар за новинарите на “Асошиетед прес”.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1