Русија ја заострува реториката: Ние наштетуваме на борбата на тероризмот? Па тоа е ѓубре!


Русија сè повеќе го зголемува притисокот околу Сирија, а со тоа и реториката во комуникацијата со западните сили.

Засилената руска воена активност во Сирија и натаму е централна тема во светските медиуми, како и во дипломатските кругови. Одредени неименувани дипломатски извори во разговор за Ројтерс откриле дека Русија намерно го засилува притисокот одбивајќи да открие колку има војници и какви задачи се извршуваат во Сирија.

rusija-sirija

Информацијата доаѓа непосредно откако неименувани извори за Ројтерс открија дека руски бродови веќе пристигнуваат на сириските пристаништа и ги вооружуваат безбедносните сили на Сирија кои се под контрола на претседателот Башар Ел Асад.

Некои аналитичари сметаат дека Русија го зголемува притисокот непосредно пред Генералното собрание на ОН на кое оваа година, после цели осум години ќе се појави рускиот претседател Владимир Путин. Се шпекулира дека Русија сака да ги натера Американците да го прифатат Асад како единствен сојузник во борбата против ИСИЛ, а најверојатно во Њујорк Путин ќе оствари средба со Барак Обама.

Истовремено Русите ја заоструваат својата реторика. Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров остро ги критикуваше Американците велејќи дека им „помагаат на тие кои ги користат ИСИЛ против Асад“, но уште поостра беше изјавата на портпаролката на министерството за надворешни работи на Русија, Марија Закрова која изјави:

„Најпрвин нас нè обвинуваат дека испраќаме оружје на таканаречениот крвав режим кој ги прогонува демократските активити, а сега имаме и нова верзија – сега наводно со таквите одлуки наштетуваме на борбата против тероризмот. Па тоа е обично ѓубре“.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1