Русија ќе го затвори американскиот конзулат во Санкт Петербург и ќе протера 60 дипломати


Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека Москва ќе протера 60 американски дипломати и ќе го затвори американскиот Конзулат во Санкт Петербург.

Лавров нагласи дека американскиот амбасадор во Русија бил „информиран за мерките“ додавајќи дека „бројката на протерани е иста како и на САД“.

– Наша мерка ќе биде и укинување на дозволата за работа на американскиот Конзулат во Санкт Петербург, изјави Лавров.

Вашингтон претходно, протера 60 руски дипломати и го затвори рускиот Конузлат во Сиетл.

Лавров најави дека и кон другите држави кои протерале руски дипломати ќе бидат преземени реципрочни мерки.

– Кон сите држави кои протераа руски дипломати ќе бидат преземени реципрочни мерки со протерување нивни дипломати од мисиите во Русија, и тоа е се засега, изјави Лавров.

Повеќе од дваесет пет земји досега објавија протерувањето на повеќе од 120 руски дипломати поради нападот со нервен агенс врз двојниот шпион, Сергеј Скрипал и неговата ќерка Јулија, на 4 март.

Покрај членки на ЕУ, протерување на руски дипломати најавија и Канада, Украина, Норвешка и Австралија. НАТО одлучи да протера седум руски дипломати од мисијата на Русија во Алијансата.

Сергеј Скрипал и неговата ќерка беа нападнати со нервен агенс во Салисбури на 4 март. Британија ја обвинува Русија дека е одговорна за нападот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1