Русија осомничена за болеста на американските дипломати во Куба и Кина


Русија осомничена за болеста на американските дипломати во Куба и Кина
Истрагата на американската агенција за чудната болест на американските дипломати во амбасадите на САД во Куба и Кина упатува на Русија.

Според американските медиуми , Русија е главна осомничена , а тоа го докажало истражувањето ан ФБИ , ЦИА и другите агенции. Сепак , доказите не биле доволни за Вашингтон да ја обвини Москва за мистериозните болести на вработените во амбасадите .

Со чудната болест беа заболени 26 Американци вработени во амбасадата на САД во Хавана во 2016 , а на почетокто на годинава со слични симптоми се пожалиле вработени во конзулатот на САД во Гуанжоу .

Заболените се жалеле на губење слух, зуење во ушите, вртоглавица, главоболка и замор , што е својствено за ,,блага трауматска повреда на мозокот” , соопшти Стејт Департментот.

САД веруваат дека против вработените во амбасадите е употребена софистицирана електромагнетска опрема , заедно со друга технологија.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1