Руската агенција за надзор на комуникациите ,,Роскомнадзор” соопшти денеска дека поведе постапка против Фејсбук и Твитер.
,,Роскомнадзор” ја покренува постапката затоа што од Фејсбук и од Твитер не објасниле како намераваат да се прилагодат кон законот за податоци , јавува агенцијата Интерфакс.
Од агенцијата бараат сите сервери за собирање податоци од Руси да бидат лчоцирани во Русија.
Првиот човек на агенцијата , Александар Жаров вели дека компаниите имаат еден месец за да ги достават информациите , а во спротивно ќе биде покрената законска постапка.