Русија потврди дека почна војна во Сирија – еве што изјави Путин


Авионите на Воздухопловни сили на Русија започнаа во средата со нанесување прецизни удари врз позициите на терористичката организација Исламска држава на територијата на Сирија, изјави портпаролот на руското министерство за одбрана, генерал-мајорот Игор Конашенков.

Претходно во средата за агенцијата Reuters неименувани високи американски извори соопштија дека веднаш откако горниот дом на рускиот парламент го одобри барањето на рускиот претседател Владимир Путин позитивно да одговори на барањето на сирискиот колега Башар ал-Асад за руско воено инволвирање во сирискиот конфликт против исламистичкта радикална група, против која со месеци наназад воздушни удари презема и меѓународната коалиција предводена од САД.isis avion napad

„Во согласност со одлуката на Врховниот командант Владимир Путин, авионите на руските воздухопловни сили денеска започнаа со спроведување на воздушните операции со извршување прецизни удари по копнени цел на терористичката групација Исламска држава на територијата на Сирија“, изјавил Конашенков, пренесува агенцијата ТАСС.

Тој не рекол во која област биле изведени нападите и за ефектите од нив, а американскиот соговорник на Reuters рекол дека нападите на руските борбени авиони биле изведени во близината на градот Хомс, во истоимената покраина, кој со месеци наназад е во рацете на радикалната џихадистичка организација.

Конашенков додал дека рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу информирал дека во текот на воздушните операции ќе бидат напаѓани воена опрема, комуникациски центри, возила, складишта за муниција, горива на Исламската држава.putin satana raketa

Претходно во средата Советот на федерацијата едногласно му даде согласност на претседателот Путин за употреба на руските вооружени сили во странство, конкретно во Сирија. Шефот на администрацијата на Кремљ, Сергеј Иванов истакна дека станува збор за барање на сирискиот врв и за исклучиво воздушни операции кои ќе се спроведуваат во согласност со меѓународните норми.

Рускиот претседател Владимир Путин денеска предупреди дека ако терористите постигнат успех во Сирија, потоа ќе одат и во Русија. Тој, сепак даде да се разбере дека нема да дозволи тоа да се случи, пренесоа агенциите и Ројтерс.

“Единствениот начин да се справиме со терористите во Сирија е да дејствуваме со претекнување” истакна Путин.

Рускиот претседател рече дека е целисходно сите страни да ги здружат напорите во борбата со “Исламска држава” (ИД), и изрази уверување дека тоа е можно.

“Русија е убедена дека борбата против тероризмот треба да се води строго во согласност со меѓународното право, односно во согласност со резолуцијата на ОН или по барање на официјалната влада”, истакна тој.

Рускиот претседател обрна внимание дека неговата земја ги известила сите држави што ќе преземе во Сирија.

“Русија ќе излезе со поддршка на сириската армија од воздух и нема да презема дејствија на земјата” , прецизираше Путин. Тој истакна дека бомбардирањата на Русија во Сирија се привремени.

Претседателот на Русија ги покани сите заинтересирани држави да се вклучат во активностите на информативниот центар во Багдад за координирање на борбата со ИД.

Изјавата на Путин доаѓа откако земјата ги нанесе порано денеска првите воздушни напади во Сирија против “Исламска држава”.

Претходно стана јасно и дека сирискиот претседател Башар ал Асад се обратил кон Русија со барање да му даде воена помош во борбата против терористите на ИД.

“Москва одговори позитивно, и утринава Советот на федерацијата, Горниот дом на рускиот парламент, едногласно реши руските вооружени сили да учествуваат во операции во Сирија”, рече шефот на администрацијата на Кремљ, Сергеј Иванов.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1