РУСКА ЦРКВА: Руските напади во Сирија света војна против тероризмот


Руското воено учество во Сирија се впишува во рамки на света војна против тероризмот, соопшти Руската православна црква.

– Борбата против тероризмот е света војна и денес нашата држава е можеби е најактивно борбена против него, изјави Всеволод Чаплин, портпарол на РПЦ.Crkva-u-Kremlju-Moskva-Rusija

– Таа одлука одговара на меѓународното право и на посебната улога која државата ја има на Блискиот исток, додаде тој.

Еден од главните претставници на муслиманската заедница во Русија, главниот муфтија на Русија, Талгат Талџудин исто така го поддржа руското воено учество во Сирија.

Меѓурелигискиот совет на Русија во кој има претставници на праволавието, исламот, јудаизмот и будизмот ќе објави соопштение за поддршка на одлуката на руските власти за воени операции во Сирија.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1