За Дрпљанин 8 години затвор за грабежот во „Пошти“, ќе му се суди за убиството на полицаецот кај ПМФ


Кривичниот суд му изрече осум години затворска казна на Алмир Дрпљанин поради грабежот од комбе на „Македонска пошта“.

Кражбата се случи пред повеќе од седум години, а украдени беа над 600.000 евра.almirrr

-Кривично-правниот предмет за кој беше објавена пресудата се води откако Кривичниот совет при овој суд го прифати барањето на одбраната за повторување на постапката, бидејќи на обвинетиот за истото дело му се судеше во отсуство и му беше изречена казна затвор од 15 години, велат од Судот за Телеграф.мк.

Дрпљанин кој во Македонија беше екстрадиран од Косово, го чекаат уште две судења. Едното од нив е за убиство на полицаец при нападот на полициската единица „Алфа“ кај Природно-математичкиот факултет .

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1