Руското Министерство за надворешни работи прогласи за непожелни личности – „персона нон грата“ 23 британски дипломати. Тие треба да ја напуштат Русија во рок од седум дена.
Исто така, руските власти одлучија да се затвори и генералниот конзулат на Велика Британија во Санкт Петербург, како и да го укине укинува дејствувањето на Британскиот совет на руска територија.
Руското МНР денеска го повика британскиот амбасадор во Москва поради зголемениот спор околу нападот со нервен гас на поранешниот шпион, објавија руските државни медиуми.
Претходно Велика Британија нареди да бидат протерани 23 руски дипломати, како дел од мерките да се казни Русија за труењето на Скрипал и неговата ќерка Јулија во Британија.