Русија условно дисквалификувана од ЕУРО 2016


Фудбалската федерација на Русија ја доби последната опомена пред исклучување од Европското првенство поради дивеењето на руските навивачи.rusija huligani-1-1-640x427

Русите од УЕФА добија „суспендирана дисквалификација“ која ќе биде активирана при првиот следен инцидент во кој ќе учествуваат руските навивачи.

Предупредувањето од УЕФА стигна откако во Москва беше најавено дека сите спортски функционери и федерации мораат да вложат максимални напори навивачите на Русија да не прават инциденти, како на Европското првенство во Франција.

Навивачите на Русија на самиот почеток на ЕУРО 2016 учествуваа во инциденти во Марсеј пред и по натпреварот со Англија.

Русија следниот натпревар (втор на ЕУРО 2016) го игра утре во Лил против Словачка.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1