Русија вложи вето на резолуцијата за Сирија на Франција, одбиена и нејзината


Русија вложи вето на резолуцијата којашто во Советот за безбедност при Обединетите нации со која се бара создавање на создавање зона за забранети летови над Алепо, додека Советот за безбедност со гласовите на земјите кои исто така имаат право на вето ја одби руската иницијатива за извлекување на борците на радикалната исламистичка група Џебат ан-Нусра од Источно Алепо, а двајцата предлагачи се повикува на запирање на борбените дејствија.

on OBEDINETI NACII sovet za bezbednost

Нацрт резолуцијата, која ја изработија Франција и Шпанија, ги повикува сите страни на прекин на непријателствата, доставување хуманитарна помош и запирање на „сите воздушни удари и летови на борбени авион над Алепо“. Во документот се предлага „засилен надзор“ на ОН над прекинот на огнот кој подетално би требало да го разработи генералниот секретар Бан Ки-мун.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Марк Ејрол пред гласањето рече дека целта на резолуцијата е да стави крај на насилството во „маченичкиот град“ Алепо кој е под интензивни воздушни удари на силите на сириската влада и рускиот сојузник.

Во пораката директно упатена на Русија, Ејрол истакна дека земји коишто ќе се спротистават на францускиот предлог „ќе му овозможат на Башар ал-Асад да убива уште повеќе луѓе“.

Постојаниот претставник на Русија во ОН, Виталиа Чуркин за новинарите уште во петокот изјави дека не гледа можност да биде прифатена таквата резолуција.

„Се сомневам дека нејзиниот вистински мотив е да се предизвика вето од Русија, без разлика на тоа што француските колеги велат дека немаат такви намери“, порача рускиот дипломат.

За резолуцијата гласале единаесет членки на Советот за безбедност, Русија и Венецуела беа против, а Кина и Ангола воздржани.

Русија во петокот поднесе, исто така, нацрт резолуција за поддршка на планот на специјалниот пратеник на ОН за Сирија Стефан де Мистура и договорот што Москва и Вашингтон го постигнаа на 9-ти септември во Женева за прекин на огнот, којашто исто така повикува на прекин на огнот.

Меѓутоа, руската иницијатива предвидуваше итно дистанцирање на опозициските бунтовници кои Западот ги смета за умерени и настојување да се извлечат од источните квартови од Алепо на џихадистите од Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, кое е на листата терористички организации на ОН.

За руската резолуција гласаа четири земји: Русија, Кина, Египет и Венецуела, а Ангола и Уругвај беа воздржани. Другите двете членки меѓу кои и Украина, и земјите со право на вето САД, Велика Британија и Франција беа против.

„… Денес учествуваме на една од најбизарните режии во историјата на Советот за безбедност на ОН. Треба да гласаме за две нацрт резолуции за Сирија, и сите многу добро сме свесни дека ниедна нема да биде прифатена“, изјави пред гласањето Чуркин.

Рускиот амбасадор ја опиша таквата ситуација како „неоправдано губење време, во ситуација кога е неопходно максимално сплотување на политичките напори на меѓународната заедница“ за решавање на конфликтот во Сирија.

Чуркин посочи дека Русија „ќе продолжи да соработува за постигнување решение со сите заинтересирани меѓународни и регионални играчи“.

Пред гласањето рускиот дипломат истакна дека „целокупната активност на борбените дејствија во Источно Алепо е намалена“ и оти во петокот воопшто немало борбени летови“ и изрази надеж дека таквата тенденција ќе се задржи

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1