На гинекологија три години работел лажен анестезиолог


Во Нанси, на истокот од Франција е откриена илегална пракса на медицина, од лажен анестезиолог, кој три години работел во универзитетската болница во регионалното пораѓалиште, јавува дописникот на МИА од Париз.ginek

Тој успеал успешно да ги помине сите пречки, пред да го има добиеместо во операционата сала. Покрај тоа, неговото име се наоѓа на листата на (странски) лекари „кој ги задоволи француските тестови за познавање на јазикот”, согласно Законот за јавно здравје во списокот објавен во Службениот весник на Франција од јануари 2010. Сепак, од неговото име нема траг во Редот на лекарите во Франција. Ова не го спречи узурпаторот да работи и да има кариера без проблеми во неколку француски болници како Жувиси сур Орж, Логжумо или Корбеј Есон, меѓу 2009 и 2011 година. По што работи како „анестезиолог во регионалното пораѓалиште Адолф Пинар во Нанси во периодот од мај 2013 година до јануари 2016 година.

Кривичниот суд од Еври, во декември 2015 година донесе пресуда против него, голем број на пациенти заспале во рацете на лекарот на возраст од 43 години без да има диплома или еквивалентност што дозволува да работи како специјалист анестезиолог . „Најтешка и најризична специјалност”, изјави тој пред судот во Еври.
„Работам осум години, никогаш не направив грешка“. Четириесетгодишникот, кој беше откриен во 2011 година, по анонимна пријава, исто така објавуваше трудови во медицински списанија во Франција и во странство заедно со своите колеги. Во своја одбрана, обвинетиот, кој уверува дека е вистински лекар, обезбеди копија од диплома за завршени по студии во Алжир, без да биде во можност да го даде оригиналот. Во тоа време, при неговото сослушување од страна на полицијата, тој наводно призна дека е само медицински техничар-брат анестезиолог и дека го фалсификувал на документт, но при судењето ја повлече оваа изјава. Тој доби трајна забрана за вршење на лекарски активност и избегна казна затвор.

Тогашната постапката е испратна до судот во Нанси, бидејќи во времето на неговата осуда, анестезиолог се уште официјално работеше во порашалиштето во Нанси. Една од најреномираните вакви институии во Франција, во состав на Универзитетскаѕа во болница од 1 јануари 2014 година.

Истрагата беше пренесена во финансиска и економската служба на судксата полиција од Нанси. Со место на живеење во Мец, лекарот прво бил на боледување, а потоа се најде во полициски притвор во февруари 2016 година во Нанси во рамките на истрагата на досеието за овој случај, пред да биде пуштен на слобода.

Експертите посочуваат дека документот бил изменет. Веројатно со помош на информатичка програма. Во прилог на овие анализи, истрагата побара информации од алжирските власти, кои уверија дка постојат само неколку дена подоцна, дека ова лице не е познато како дипломиран на медицина со специјалност анестезиолог.

Минатата недела, на 30 септември, „докторот” Ц. повторно бил ставен во притвор. И тој се уште стои на истата верзија. Ослободен по сослушувањето, нему ќе му се суди во март од Кривичниот суд во Нанси. Но овој пат за „фалсификување” и “незаконско вршење на професијата на лекар”. Универзитетскиот болнички центар од Нанси, се уште не го коментира случајот, но поднесол пријава.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1