Полицаец во рускиот град Владикавказ, во Северна Осетија, договорил средба со млада жена правејќи се дека е заинтересиран купувач, а целата средба ја снимал.
„И, која е цената? Дали е момче или девојче?“, се слуша на снимката како полицаецот ја прашува мајката.
„Момче е, за 150.000 рубли“, одговара жената, додека бебето, несвесно за ужасниот план на мајката, мирно спие.
Откако се договориле за условите на продажбата, а жената ги добила бараните пари, полицаецот ја уапсил, пишува Daily Mail.
„А, сега, сврти се кон камерата и дај ни мало интервју. Што е со тебе, не сакаш повеќе да зборуваш?“, ја прашал полицаецот.
Потоа, 25-годишната жена му одговорила низ солзи: „Мојот живот е тежок. Немав друг избор. Морав да го продадам синот, но сега го сакам назад“.
Таа рекла дека ѝ се потребни пари за да може да ја издржува најстарата ќерка која моментално живее со нејзината баба во соседниот град.
Инаку, оваа мајка се занимавала со проституција. Полицијата потоа го предала детето во локалното сиропиталиште.