Русинот Денис Червов кој вчера ја прескокнал оградата и влегол во дворот на претседателската резиденција на Водно, ќе биде протеран од Македонија, а полицијата најави дека против него ќе биде поднесена прекршочна пријава.
Моментално тој е сместен во Транзитниот центар во Скопје и наскоро ќе биде протеран од државата. Червов на полициските иследници им рекол дека оградата од претседателската резиденција ја прескокнал барајќи помош и не знаел дека влегува на претседателски имот.