Русите имаат HAARP – еве што прави ВИДЕО


Во шумите во Истра во близина на Москва, се наоѓа генератор од времето на Советскиот сојуз. Тоа е необична градба, која потсетува на некој научно-фантастичен филм, и привлекува големо внимание кај руските граѓани кои се прашуваат за што служи.

ruski harpИстражувачкиот систем на генераторите на Тесла и Маркс со висок напон, што е’ и официјалното име на објектот, бил изграден во доцните седумдесетти години од минатиот век и служел за тестирање на изолатори за заштита на возила и електрична опрема од громови, пренесува RT.

Уникатната структура поради својот изглед е многу интересна за Русите, а наводно во врвот на својата работа имала сила еднаква на сите електрани во Русија заедно.

Највисокиот генератор е висок 39,3 метри, а може да произведе вештачки гром од 150 метри, што се верува дека е најголем во светот. Многумина оваа градба ја споредуваат со фамозниот HAARP во САД.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1