Руската војска го освои аеродромот во Киев, расте бројот на жртви


Воените дејствија во Украина ескалираа. Во последниве неколку часа рускиот напад се прошири во централниот и источниот дел на земјата. Во моментов се водат жестоки борби околу нуклеарната централа Чернобил. Ова го потврди украинскиот престедател Зеленски, Москва ниту демантира ниту потврдува. Во меѓувреме е заземен и аеродромот во близина на Киев. Акцијата ја сними СНН.

Продолжува и информативната војна. Двете страни различно известуваат за она што се случува на теренот. Украинските медиуми информира за напади врз 30 цели, меѓу нив Одеса, Харков и др. 40 тона загинати украински војници и цивили и убиени 50 руски војници. Според нив шест руски авиони и хеликоптер се соборени, информации кои Русија ги демантира, иако Асошијетед прес објави една таква снимка. Московскиот прес пак јавува за масовни дезертирања на украинските војници. Објавено е и видео на пребеган украински пилот со сухои во Романија. Руските медиуми извесуваат дека се уништени повеќе од 70 цели. Паралелно со воените дејствија се препукуваат и политичарите. Путин се закани дека ќе одговори на секој кој ќе се обиде да ги запре, а Зеленски ги повика сонародниците да земат оружје.

Според диипломатски извори Советот за безбедност подготвува резолуција, но веќе е јасно дека Русија ќе стави вето, а најверојатно и Кина која веќе ги обвини дека се одгворни за конфликтот во Украина, со ширење на НАТО сојузот и продолжување на политиката на Студената војна. Истите аргументи ги има Москва.

Во меѓувреме Украина прогласи воена состојба, а во Киев е воведен полициски час.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1