Руски авиони над Сирија – молчешкум светот направи коалиција против ИСИС


Руските воени пилоти ќе почнат да пристигнуваат во Сирија во наредните денови за да отпочнат со напади на борците на ИСИС со авионите и хеликоптери на Руското воено воздухопловство. Цел на нападите ќе бидат и бунтовниците во границите на државата што се распаѓа.

sirija

Според западни дипломати, руските експедициски сили веќе пристигнале во Сирија и поставиле камп во воздухопловна база контролирана од Асад. Се посочува дека базата е во околината на Дамаск. Русите секоја недела испраќаа бродови со оружје преку пристаништето Тартус во Сирија. Бродовите  носеа проектили, резервни делови и различни видови  муниција за сириската војска.

Америка нема никаква реакција на ова, се чини постои молчешкум договор дека ИСИС мора да се сопре. Американски владини претставници  водат интензивни консултации со претставници на иранскиот режим за да се преземат посилни заеднички напори против ИСИС во Ирак. Иранско-американската соработка се фокусира на две главни точки: првата е провинцијата Анбар, каде Ирачаните досега не успеаја да ја протераат ИСИС; а втората е Мосул, каде што Ирачаните допрва треба да смислат остварлив план за повторно да го освојат градот.

sirija 3

Дури и Турција, која досега избегнуваше било какви активности што би го зајакнале Асад, мораше да се помири со руско-иранскиот потег и резултатот од американскиот молк, покрена своја воздушна кампања на бомбардирање на ИСИС во Сирија.

За време на неодамнешната посета на Катар, Ердоган постигна договор со Катар и Саудиска Арабија во однос на програмата за вооружување на Муслиманското братство кое е поддржано од бунтовниците кои се борат против ИСИС, де факто се борат и со Асад и со ИСИС.sirija obama assad_640

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1