Мигрантите во шок: Нема да верувате како ги пречекаа во Минхен (Видео)


Околу 7.000 бегалци од Унгарија, преку Австрија синоќа стигнаа во Германија, во најголем дел на железничката станица во Михен, јавуваат германските медиуми, пренесе МИА.

„Пристигнување во ветената земја“, „Данке Дојчланд“ и „почитување“, се слушаа од бегалците, кои во најголем дел се од Сирија.migranti-germanija3

Германските медиуми наведуваат дека договорот на канцеларката Ангела Меркел со властите во Унгарија и Австрија за давање дозвола за влез на бегалците бил остро критикуван од баварската Христијанско-социјална унија, која е сестринска партија на Демохристијанската унија (ЦСУ), со оценка дека тоа е погрешен сигнал.

Од редовите на ЦСУ беше соопштено дека одлуката да се дозволи на бегалците влез во Германија, Меркел не ја договорила со германските покраини.migranti-germanija1

Трошоците на Германија, поради примањето на преголемиот број на мигранти, достигнаа неверојатни 10 милијарди долари.

Денес, тие обезбедија 140 шатори и 24 касарни ширум земјата за сместување на неколку десетици илјади мигранти:

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1