Руски документарец за Северна Кореја: Тоа не е заостаната држава, поопасни се од што мислат САД


Внатре во Северна Кореја – Како САД ја потценува – Извештај на руската телевизија. “Оние кои Северна Кореја ја сметаат за заостаната држава некаде во некоја недојдија, прават голема грешка”.

Тука имаме пример за тоа како руските ТВ вести некогаш се пред мејнстрим медиумите во САД и Европа.

За почеток, овој извештај е долг 12 минути – речиси непознат во САД – и многу познат во Русија.

Овој извештај е преполн со фасцинантни увиди, со ретки снимки кои на Западот никогаш нема да ги видите.

Содржи интервјуа со четири врвни руски експерти, кои минале многу години во Северна Кореја, и добро ја познаваат таа земја.

Некои интересни точки:

– Кореја е стара 3.250 години.

– Печателе книги 320 години пред Гутенберг.

– Луксузните џипови на улиците на Пјонгјанг сугерираат дека оваа земја не е толку сиромашна колку што мислат луѓето.

– Информации за убавата сопруга на Ким.

– Руските центри Владивосток и Хасана се оддалечени на неколку километри – ако дојде до војна во Северна Кореја, посебно нуклеарна војна, тоа ќе биде катастрофа и за Русија.

– Севернокорејците и Јужнокорејците себеси се сметаат за една нација, една раса, и едните и другите се големи националисти и од високо ги гледаат другите раси.

– Овие две земји се емотивно многу поблиски од тоа што мисли Западот. Странците се непријатели и на Северот и на Југот.

– Северна Кореја има комплексен систем кој официјално е поддржан. Има 51 каста.

– Северна Кореја го отфрлила марксизмот во 1970-тите години.

– Зошто ембаргото на енергијата нема многу да и наштети на Северна Кореја.

– Поглед во типичен севернокорејски стан.

– Владините одлуки се донесуваат колективно – тоа не е автократија.

– Владата и војската се многу рационални во своето однесување.

– Обучени се за нуклерана војна – не се плашат од неа.

– Северна Кореја има дипломатски односи со 161 земја – не и со САД.

Советскиот доктор Јури Беленков, кој бил личен доктор на Ким Ил Сунг, дедото на Ким Јонг Ун, вели дека оние кои Северна Кореја ја нарекуваат заостаната држава некаде во недојдија, всушност многу грешат. “Голема грешка е да се мисли дека ова е далечна и неразвиена земја. Мене не ме изнадува тоа тие да можат да направат голем скок”, рекол тој.

Константин Белов, дописник за советската телевизија во ДНРК, кој минал пет години студирајќи на Универзитетот во Пјонгјанг, вели дека можел да се увери дека Севернокорејците и Јужнокорејците се обединети по нешто друго. “Мислам дека заеднички им е национализмот. Тие, во суштина, другите нации не ги третираат баш добро. За нив нивната нација е над сите. Јас мислам дека по тоа се слични. За Корејците, секој странец е непријател”, рекол тој.


Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1