Руски хакер украде сервер на Би-Би-Си


Еден руски хакер целосно ја презел контролата над компјутерскиот сервер на информативната куќа Би-Би-Си и се обидел пристапот и информациите да ги продаде на други хакери.

bbcАмериканската компанија „Холд Сикјурити“, која се занимава со интернет безбедноста, соопшти дека на еден форум забележала реклама за продажба на податоци на црниот пазар, до кои хакерот дошол на нелегален начин.

Но, не познато дали хакерот ги продал информациите пред да реагира британскиот јавен сервис, а Би-Би-Си одбива да го коментира инцидентот.

Серверот е нападнат преку еден фтп сервер за трансфер на податоци, на кој можеа да се постават видео-снимки и аудио-пораки по повод одбележувањето на годишнината од терористичките напади во Њујорк, што се случија на 9 септември 2002 година.

Новинарите на Би-Би-Си регуларно го користеа тој сервер за испраќање на своите извештаи, а во последно време е користен и од огласувачите, кои ги праќале своите реклами.

Хакерот ги користел псевдонимите „Хаш“ и „Револвер“, а продажбата на информаците ја објавил на 25 декември. Но, се уште не е познато дали е откриен идентитетот на хакерот, ниту дали е уапсен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1