Руски милионер се обидува да постигне бесмртност


Рускиот милионер Дмитриј Ицков се обидува да најде начин да го внесе човечкиот мозок во компјутер и така да ја открие тајната кон бесмртноста, пишува БиБиСи. Тој смета дека за 30 години тоа би било можно.lekari zivot

35-годишниот Дмитро решил да го напушти светот на бизнисот, за да направи нешто значајно за човештвото. Смртта е неизбежна, бидејќи со стареењето клетките во нашите тела ја губат својата функција да се самопоправаат, објаснува Ицков. Ова предизвикува болести, кои во еден момент водат до смрт.

Милионерот решил да го вложи своето богатство во амбициозен проект кој ќе ги отклучи тајните на човечкиот мозок и да го копира во компјутер. Крајната цел е да се продолжи постоењето на личноста, без таа да е зависна од расипливото тело.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1