Руски новинар пронајден мртов во Украина


Рускиот новинар Александар Шчетинин е пронајден мртов во својот стан во Киев, соопшти украинската полиција.ruski-novinar

Како што се наведува во соопштението, Шчетинин е пронајден мртов на балконот со прострелна рана во главата, а се претпоставува дека смртта настапила во саботата вечер.

На местото на злосторството пронајден е пиштол со соодветни куршуми, а влезната врата била заклучена.

Полицијата би можела овој случај да го прогласи за самоубиство, со оглед на тоа дека е пронајден еден мејл кој Шчетинин им го испратил на своите пријатели, а во кој говори дека размислува за самоубиство.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1