Рустем Адагамов, еден од најпознатите и најактивните руски опозиционери е обвинет за педофилија, а тешки обвинувања на негова сметка изнесе и неговата поранешна сопруга Татјана Делсал.
Според нејзините зборови, Адагамов долг период, силувал дванаесетгодишно девојче, кое сега има големи психолошки проблеми и редовно оди на психотерапија.
Делсал, која со Адагамов била во брак повеќе од 20 години, а сега живее во Норвешка, не прецизирала кога ваквиот злочин се случувал, ниту колку долго сето тоа траело.
Поранешната сопруга на Адагамов изјавила дека во тој период не знаела што правел нејзиниот сопруг, а целиот случај подоцна го открила самата жртва, која до ден денес има тешки трауми.
Адагамов упатил молба до сопругата да не го изнесува случајот во јавноста, поради тоа што ваквиот настан би можел да му ја уништи кариерата.
Непосредно по објавувањето на интервјуто на неговата сопруга, Адагамов ги отфрлил сите обвинувања, говорејќи дека се работи за „бесмислици“, а руската правосудна власт соопштила дека изјава на Делсал не може да се занемери, но поради чуствителноста на темата, потребна е внимателна истрага.