До возачка со 16 години ако се одлични ученици


Со Новата година во сила стапија неколку закони, меѓу кои и тој кој им овозможува на тинејџерите со наполнети 16 години да се здобијат со возачка дозвола, пренесува Дневник.

drive-teen-500Услов е да се одлични ученици, а за полагањето на испитот да добијат согласност од родителите и од класниот раководител.

-Иако новите измени звучат малку дискриминаторски во однос на другите ученици, од МВР велат дека одлуките се во полза на стимулирање на учениците да постигнуваат подобри резултати во училишните клупи. Јавноста реагираше и дека може да биде загрозена безбедноста во сообраќајот, пишува Дневник.

Малолетните возачи не смеат да управуват со  возило од 20 до 5 часот, освен во придружба на родител и тоа да возат со брзина до 60 километри на час на јавен пат. Моќноста на возилото мора да е до 75 киловати и при возење не смее да влече приклучно возило. Исто така, 16 годишниот возач не смее да врши организиран превоз на деца.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1