Рускиот авион сепак соборен? – Имало бомба во багажот на авионот


Експертите изведоа три верзии на падот на рускиот авион A321 во Египет.

Според сознанијата на весникот „Комерсант“ веќе на 1 ноември експертите дошле до заклучок дека авионот на компанијата„Kogalimavia“ се распаднал на делови уште во воздухот. Според нив до тоа можеле да доведат неколку причини.

Трупот можеле да го оштетат исто така ударниот бран на бомбата кога експлодирала во делот со багажот, откинатите делови на моторот или пукотините од заморот на материјалот во носечките конструкции, а можела да се случи и поради тоа што трупот на авионот пукнал од наглиот пад на притисокот на голема висина.avion-1_thumb_medium500_338

Изворот на „Kомрсант“, кој е близок на истрагата ја спореди несреќата со падот на американскиот Боинг кај шкотскиот град Локерби во 1988 година. Тогаш во авионот експлодираше мала бомба сокриена во куфер.

Тој објаснува дека експлозијата во делот на багажот може да предизвика таква штета на авионот

Втората верзија е пукнатината во конструкцијата на авионот. Во 2001 година, A321 при слетувањето на аеродромот во Каиро удрил во пистата со опашката од авионот. Авионот го преконтролираа техничките служби, а потоа бил повторно вратен во употреба.

Третата можна причина е дефект на моторот. Според експертите, во случајот на експлозија на турбината, нејзините лопатки можеа да го пробијат крилото и трупот.

Спасувачките екипи открија на лице место на падот на рускиот авион Airbus A321 во Египет, 12 големи делови од трупот, им рекол на новинарите во понеделникот претставник од министерството за вонредни ситуации на Руската федерација Александар Агафонов.

-Од 06.30 нашите 84 соработници стигнаа со теренски возила и се фатија за работа. Во овој миг пронајдени се 12 делови од трупот и лични работи. Се разгледува можноста да се испратат личните предмети во Каиро, рече тој.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1