Руските богаташи за да избегнат гужва изнајмуваат брза помош


Сообраќајниот метеж во Москва и се поприсутната корупција која таму владее, допринесоа за „раѓање на уште еден бизнис“ во чиј интерес се најдоа возачите на Брзата помош и граѓаните со подлабоки џебови, па за околу 100 евра можете да си изнајмите амбулантна кола наместо такси.

351583-hitnaДо ова откритие неодамна дојде група на активисти за борба против корупцијата, во чија заседа се најде еден богат клиент кој не ги жалел парите за да може мирно да помине низ огромниот сообраќаен метеж, со возило од Брзата помош со вклучени сирени и ротациони светла.

Активистите го потврдиле ова јавувајќи се како потенцијални клиенти во центарот на Брзата помош и се договориле за цена и време како да е нешто што е секојдневно и најнормално.

Овие проблеми започнале откако рускиот претседател Владимит Путин наложи дека употребата на сирени и ротациони светла можат да ја користат само владини претставници.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1