Руско МНР: Гласачите бојкотираа решенија наметнати од надвор


Резултатот од референдумот во Македонија покажува дека гласачите одлучија да бојкотираат решенија наметнати од надвор, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

– Водечките политичари од НАТО и Европската Унија директно се вклучија во пропагадната кампања, не воздржувајќи се од мешање во внатрешните работи на земјата. И покрај фактот што две третини од граѓаните на Македонија не го поддржаа Преспанскиот договор, резултатите од референдумот веднаш беа поздравени од лидерите на ЕУ и НАТО, како и од Вашингтон. Тие се решени да го вклучат Скопје во НАТО и покрај спротивниот став на македонските граѓани, наведуваат од МНР на Русија.

Официјална Москва, како што се посочува, и натаму ја застапува принципиелна позиција дека долгорочно решение може да се најде само меѓу двете земји, без мешање однадвор, и исклучиво во рамките на правниот систем и со широка јавна поддршка.

– Јасно е дека Преспанскиот договор не ги исполнува овие критериуми. Тој е контрадикторен со меѓунaроднто право и македонскиот Устав, што беше постојано нагласувано од претседателот на државата Ѓорге Иванов, вклучувајќи го и неговото обраќање пред Генералното собрание на ОН. Русија како постојана членка на Советот за безбедност на ОН внимателно ја следи ситуацијата. Сметаме дека согласно став 3 од Резолуцијата 845 на СБ на ОН, резултатите од преговорите меѓу Скопје и Атина треба да бидат разгледани во Советот за безбедност, се вели во соопштенито од руското МНР.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1