Фотографијата на која се бакнуваат момче, кое држи руски и девојка, која држи украински пасош, а со другата рака го покажуваат средниот прст, масовно се шири по социјалните мрежи. Прво била објавена на Твитер, со текст “Руска пролет! Тоа е тоа, одличен пример! Вие мразете се, но нас не не’ разделувајте!!!”
Младиот пар јасно ставил до знаење што мисли за моменталната криза во Украина и Русија, која настана по спојувањето на Крим. Според бројот на коментари и “ретвитови” може да се заклучи дека имаат огромен број на поддржувачи и луѓе на кои им е доста од војната и омразата.