Зграда на 23 ката во Париз се продава за едно евро


Кула од 23 ката во парискиот кварт Есон се продава по симболична цена од едно евро.

parizКулата 27 во париската општина Вињо сур ла Сеин изградена е во 1960 година, со 120 станови кои државата ги субвенционирала, била планирана за уривање во 2006, објави „Фигаро“.

Во меѓувреме, општината се откажала од тоа и во план е реконструкција на ова здание во рамки на проектот за урбано обновување и одржување на стариот дух на градот.

Кандидатите заинтересирани за реконтрукција на градежништвото имаат рок до 30 април да поднесат понуди до општината.

Зградата би требало да биде обновена до 2016, а наместо социјални станови во неа би требало да бидат сместени уметнички атељеа.

Стотина станари кои се уште живеат во зградата треба да бидат раселени и да се сместат на друга локација.

Denesen

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1