Рускоска: Парите од отштетата од ВМРО-ДПМНЕ ќе ги донирам


Шефицата на Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција, Вилма Рускоска, најави дека сумата од 10 илјади евра која ј бара како отштета од Вмро Дпмне, ќе ги донира во хуманитарни цели.

-Доколку судот одлучи во моја корист, парите ќе ги донирам во СОС детското село, изјави Рускоска.

Русковска покрена тужба пред граѓанскиот суд против Вмро Дпмне за отштета од 10 000 евра, бидејќи партијата го користела нејзиниот лик за време на предизборната кампања.

Овој спор, Рускоска ќе го води пред граѓанскиот суд, а првото рочиште е закажано за 23 септември.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1