Русковска: Жртви во Рекет не се тие од кои се барале пари туку народот


Жртви во овој предмет не се тие на кои им се барале пари, туку жртви сме сите граѓаните на оваа држава, рече јавниот обвинител Вилма Рускоска во воведен говор на судското рочиште за „Рекет“.
– Имаше еден филм за Чарлиевите ангели на СЈО, но имаше и една специјалната јавна обвинителка што влезе во мрежата на т.н. естрадна ѕвезда Боки 13, изјави Рускоска.

Обвинителството, рече Рускоска, ќе докаже дека Јанева го направила тоа од алчност и дека свесно ја злоупотребила службената положба, со што ја издала довербата на народот.

– Ќе изнесеме цврсти докази дека Јанева свесно и со умисла на Боки 13 му изнесувала материјали од предистражни постапки кои се службена тајна за да може Боки 13 од обвинетите во тие постапки да бара милионски пари за тие постапки да завршат со спогодба или во најдобар случај како сведоци. Ќе изнесеме докази дека Боки 13 преку Кичеец први стапиле во контакт со Ана Камчева. Обвинетиот Кичеец може ќе слушнете дека се што направил било да му помогне на Камчев зошто го чувствувал како брат, но ќе видите и дека не заборавил да ја земе торбата полна пари, изјави Русковска.

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1