САД ги прислушкуваат разговорите на српските политичари со странците


Србија и официјално се најде на списокот на земји чии разговори ги прислушкувала американската Национална агенција за безбедност (НСА), пишува денешен „Блиц“.

Prisluskivanje-830x553Србија е интересна за НСА најмногу поради можното дејствување на групите поврзани со радикалните исламисти, а комуникацијата на српските политичари сигурно е интересна и поради односот со Русија, изјави за „Блиц“ соговорник од Военобезбедносната агенција.

Српскиот весник наведува дека разговорите на државниот врв се заштитени од надворешни прислушкувања, но дека нема заштита за меѓудржавни разговори. Српските функционери можат помалку или повеќе да бидат безгрижни кога станува збор за обидите на службите од странство да ги прислушкуваат, наведува „Блиц“.

Проблем е зашттата на разговорите со соговорници надвор од границите на Србија, од што не се заштитени ниту функционерите од државите кои вложуваат многу повеќе пари во безбедносни технологии. Најдобар пример е канцеларката Ангела Меркел која беше прислушкувана, а последниот обид за заштита на нејзината комуникација е специјалниот телефон со чип правен во Германија.

Во српската БИА не сакаат да ги коментираат наводите за НСА, ниту да кажат дали имаат сознанија за тоа дека НСА од 2010 година, кога е добиена дозвола за собирање на доверливи податоци, прислушкувала во Србија.

„Вашингтон пост“ вчера напиша дека американската Национална агенција за безбедност, судејќи според најдоверливите документи, била овластена да „пресретнува комуникации“ по целата планета.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1