САД и Венецуела си протеруваат дипломати – од САД протерани двајца дипломати


Администрацијата на американскиот претседател Барак Обама протера двајца венецуелски дипломати, што уште повеќе ги уназадува американските напори за подобрување на односите со таа јужноамериканска држава по смртта на нејзиниот претседател Уго Чавес.

venecuelaПротерувањето на венецуелските дипломати е противмерка за протерување на двајцата американски воени аташеа минатата недела, по смртта на Чавес.

Американски официјални претставници изјавија дека на дипломатските претставници Орландо Хозе Мартинес Оливерес и Виктор Камакар Мати им е наложено да заминат од САД в недела.

Покрај тие дипломатски контрамерки, венецуелските власти ги обвинија САД дека се одговорни за болеста на Чавес и поттикнуваат антиамериканско расположение пред изборите за нов претседател на Венецуела, закажани за април

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1