САД се подготвуваат за нуклеарна војна! ВИДЕО)


Само 70 километри од Вашингтон Ди Си, во внатрешноста на планината близу градот Блумонт во Вирџинија, се наоѓа мистериозна и тајна подземна воена база. Планината се вика Ведер, а во нејзиното срце е сместена Канцеларија за операции за контрола на конфликти во Западна Вирџинија. Во март 1976 година еден магазин ја нарече планината Ведер “мистериозна планина“.

„Вистинските тајни“ на планината се заштитени со знаци на предупредување, метални огради високи 3 метри, бодликава жица и вооружени чувари. На оние кои поминуваат покрај таа институција им е забрането било како фотографирање.veder planina3

Местото е во сопствеништво на Американската влада од 1903 година.

Планината Ведер е буквално подземен град во кој се наоѓаат: приватни апартмани и спални, улици и тротоари, кафетерии и болници, електрани и канцеларии, езеро кое со свежа вода се полни од подземен извор, систем за јавен сообраќај, систем за комуникации.и два резервоари кои можат да складираат и до 950.000 литри вода се доволни за таму да престојуваат околу 200 луѓе повеќе од еден месец. Недалеку од влезната врата во институцијата, се наоѓаат контролни кули и писта за хеликоптери.

Во случај на нуклеарна војна, или некоја друга вонредна ситуација, претседателот, неговиот кабинет и извршната власт ќе бидат преместени во планината Ведер. Меѓутоа, според наводите на Поткомитетот на Сенатот за уставни права од 1975 година, Конгресот нема поим за тоа.

-Не ми е дозволено да опишувам која е улогата, мисијата и способноста на она што се наоѓа во планината Ведер или на било која друга одредена локација, изјавил пред тимот а поткомитетот, генерал на воздухопловство во пензија, Лесли В. Бреј.veder planina

Можеби Конгресот и американските даночни обврзници не знаат за оваа институција, но Русите знаат. Своевремено се обиделе да купат недвижнини во близина, но Стејт департменот тоа го осуетил.

Во подземниот град на планината Ведер се наоѓа влада во чекање. Наводно, со секое федерално министерство во планината Ведер раководи по една личност на која и` е доверен кабинетот. Секоја е одбрана од Белата куќа. Покрај девет сојузни министерства, постојат и пет сојузни агенции, како и Федерални резерви и Американска пошта.

Што се прави во планината Ведер?

1. Собирање податоци за американските граѓани

Поткомитетот на Сенатот во 1975 година го открил следното: „Институцијата има податоци за 100.000 Американци. Сенаторот Џон Тани подоцна навел дека компјутерите во планината Ведер можат да соберат милиони информации за личните животи на американските граѓани, така што едноставно ќе побараат податоци од било кој од останатите 96 федерални центри“.

2. Складирање на неопходни информации

Наведено е дека генерал Бреј му дал на поткомитетот листа категории на податоци кои се чуваат на планината Ведер: воени инсталации, владини установи, комуникации, сообраќај, енергетика,земјоделство, производство итн. Оваа масовна база на податоци совршено се вклопува во целта на планината Ведер како командитен центар во случај на вонредна ситуација.veder planina2

3. Играње воени игри

Ова е главната работасо која се занимаваат луѓето во планината Ведер. Воените игри се насоченина обучување на бирократијата за решавање на проблеми во рамки на воените и политички кризи.

Одлуките се носат во „соба за ситуации“, главното јадро на планината Ведер. Собата за ситуациие класична воена соба со „графикони, мапи и разни други помагала“, вклучувајќи системи за комуникација со Белата куќа и Пентагон.

4. Управување со граѓански кризи

Персоналот на планината Ведер не проучува само воени сценарија. Домашните „кризи“ исто така се следат. Федералната агенција за подготвеност во годишниот извештај во 1974 година навела дека студиите спроведени во планината Ведер вклучуваат и контрола и управување со домашни политички немири. Планината Ведер користи многу ресурси за континуирано следење на американскиот народ пред ситуациите да станат вонредни.

5. Одржување и ажурирање на „Листата на преживеани“

Со помош на сите податоци до кои доаѓа институцијата, таа ги одржува и ажурира листата на имиња и адреси на луѓе обележани како „витални“ за преживување на нацијата. Во статијата од 1976 година, “листата на прежиеани“ содржела 6.500 имиња, но и тоа било малку. Истовремено, над десетици милиони долари биле потрошени за одржување и надградба на комплекси за да се заштитат неколку стотици одредени службени лица во случај на нуклеарен напад, но не и на заштита на граѓаните на САД. Граѓаните во САД сами прават засолништа од мебел, книги и останати предмети од покуќнината.

Не се знае точно колку чинела планината Ведер, но американските даночни обврзници го почувствувале тоа на својот џеб. Се наведува дека владата посветила барем 12 милијарди долари на проекти за цивилна одбрана, за да се заштитат жителите од нуклеарен напад.

Денешен.мк

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1