САД се повлекуваат од Парискиот договор за климата – бил економски товар


Државниот секретар на САД, Мајк Помпео денеска објави дека ги известил Обединетите нации дека Соединетите држави ќе се повлечат од Парискиот договор за климата, јавија агенциите.

Ова е прв официјален чекор во 12-месечната процедура за излегување од глобалниот пакт за борба со климатските промени. Во своето соопштение, Помпео потенцира дека договорот е „неправеден економски товар“ за американската економија.

Договорот од Париз, потпишан од скоро 20 земји, предвидува секоја од нив да утврди свој распоред за намалување на емисиите на стакленички гасови што водат до климатски промени.

Соединетите држави се првата земја што се повлече од договорот. Таа им забранува на земјите да се повлечат од него за првите три години по ратификувањето на 4 ноември 2016 година.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1