Лидерот на СДСМ Зоран Заев денеска го објави името на бизнисменот од Струмица, за кој МВР тврди дека барал мито од 200.000 евра. Заев тврди дека сакале да му сместат како на Љубе Бошковски.
– Се сеќавате дека го повикав Груевски јавно да каже дали има ПИ мерки против лидерот на опозицијата за време на избори. Вчера наврши една година од тоа. Последната година јас сум под ПИ мерки, намерата беше да направат со мене исто како за Љубе , да местат бизнисмен да дава пари за кампања – рече Заев.
Тој го објави името на бизнисменот
– Иво Сачевалиев од Струмица од фирмата „Иво“. Денеска и вчера пропадна последната намештаљака што ja сакаа да ја направат само да ја спасат својата глава – изјави Заев.
Полицијата денеска рече дека лидерот на СДСМ се сомничи за примање поктуп и дека од бизнисмен од Струмица барал 200.000 евра мито за приватизација на државно земјиште