Сакаат да го претворат Косово во балкански Моленбек


Саудиска Арабија води опасна игра, бидејќи не само што ги поткопува напорите на антитерористичката коалиција во Сирија и во Ирак, поттикнува милиони бегалци кон Европа и стои зад последните терористички напади, туку сега се обидува и да го претвори Косово во Моленбек на Балканот, наведува францускиот весник „Поан“.

Весникот посочува дека Косово е „мала држава што настана по распадот на Југославија“ и е место каде Саудиска Арабија испраќа многу пари, но и свои проповедници, претворајќи ја земјата во регрутиен центар на џихадистичката група Исламска држава (ИД).isis-kosovo-crvka-01

– Со парите испратени од Саудиска Арабија, жителите на Косово кои до почетокот на 21-от век исповедаа умерен Ислам, почнаа масовно да се претвораат во вехабисти под влијание на проповедниците припадници на радикалниот правец во Исламот, наведува весникот, додавајќи дека покрај ова Саудијска Арабија финансира и десетици косовски студенти кои заминуваат на изучување на Исламот на саудиските универзитети.

Според „Поан“, со саудиска финансиска помош, во Косово се изградени околу 240 џамии, што е за една третина повеќе во однос на бројот на муслиманските верски објекти пред една деценија.

Весникот наведува дека во овие џамии радикализираните проповедници го пропагираат вехабистичкиот Ислам, па затоа и не чуди што во Косово можат да се видат се поголем број млади девојки кои носат хиџаб.

– На тоа се надоврзуваат и 314 млади луѓе од Косово кои се приклчија на ИД. Двајца од нив дури загинаа активирајќи бомби при терористички напади во Ирак и во Турција, додава „Поан“.

Весникот наведува дека ваквите податоци почнуваат да доаѓаат од американски извори, што не треба да изненадува имајќи предвид дека САД се повеќе се обидуваат да се дистанцираат од Саудиска Арабија.

– Сега излегува на виделина дека Саудијците всушност во текот на изминатите 20 години им забодувале нож во грбот на САД, заклучува весникот.

Во врска со се позачестените тврдења за зајакнување на верскиот екстремизам во Косово, се огласи и косовскиот претседател Хашим Тачи кој порача дека Приштина е решителна во својот став да ја продолжи борба против тероризмот и екстремистите.

Како што пренесува весникот „Епока е ре“, Тачи нагласи дека верскиот екстремизам не треба да се користи за остварување на одредени цели или да стане „политички комерцијален“.

– Религијата треба да ги соединува луѓето, а не да ги дели. Дијалогот треба да се прошири и да се продлабочи – порача Тачи.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1