Сакал да изнесе 318 илјади евра од Македонија – фатен е, а парите запленети


Царинските службеници од граничниот премин Табановце-автопат спречија обид за нелегално изнесување на 318.000 евра од Македонија, информира Царинската управа.

Околу 11:40 часот, возило „сеат леон“ со македонски регистарски ознаки, управувано од македонски државјанин со иницијали Т.И. сакал да излезе од Македонија и рекол дека нема што да пријави. Откако цариниците го прегледале возилото, во торбица ставена на задните седишта се пронајдени непријавени 318.000 евра, повеќето во апоени од 50 евра, соопшти Царинската управа.

Девизите се задржани, а против сторителот ќе биде поднесена соодветна пријава

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1