Сакала да провали кај поранешното момче, па се заглавила во оџак


Хеновева Нуњес Фигероа (30) неколку пати била на состанок со сопственикот на куќата во Калифорнија, Вентура, а потоа тој одлучил да ја прекине врската.

Жената не можела да го прифати раскинувањето лесно, па одлучила да провали во неговата куќа. Се обидела да влезе низ оџакот, но се заглавила во него. Соседите ги слушнале нејзините повици за помош па повикале пожарникари.devojka_wide

Пожарникарите морале да го урнат оџакот и да користат течен сапун за да ја извлечат жената. Кога конечно била извлечена од оџакот, пожарникарите ја спуштиле на земја каде ја чекала полицијата. Таа била одведена во болница да се испита дали е повредена, а потоа уапсена поради обидот за влегување во туѓ имот.

Сопственикот на куќата, Лоренс кој не сакал да се објави неговото цело име и презиме, потврди дека неколку пати имал средби со жената кој ја запознал преку интернет.odzak

– Од сега па натаму ќе бидам повнимателен кога ќе повикам некого дома, рече Лоренс.

Семејството Фигерое понуди да плати за штетата настаната во куќата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1