Сакала поголеми гради – останал без една дојка (Фото)


silikoni

Англичанка која потрошила 4.000 фунти за зголемување на градите раскажува за агонијата низ која минува откако силиконот буквално и излегол од градите.

25- годишната Лорен Јардли пред операцијата имала многу мали гради па решила да ги зголеми со импланти, но два месеци по операцијата забележала дека десната дојка и е поголема од левата како и дека е потврда и неудобна. 

Лекарите заклучиле  дека телото и ги отфрла имплантите и повторно ја оперирале.

silikoni 2

Но 2 месеци по втората операција, ткивото околу имплантите се затегнало и имплантот буквално ги искинал конците и почнал да излегува надвор. 

Лекарите овој пат и рекле дека не ќе можат повторно да и го стават силиконот додека телото целосно не и заздрави – односно во наредните 6 месеци ќе мора да живее со една помала и една поголема дојка.

Со приказна таа сака да ги предупреди жените кои сакаат да направат пластична операција на градите да бидат свесни и за последиците.

– Не можев да поверувам кога имплантите излегоа од мојата дојка. Дури и лекарите беа зачудени и дури ми рекоа дека сум имала среќа и се чудат како не сум добила сепса. Најтешко ми падна што ми рекоа дека ќе морам 7 месеци да бидам со една дојка – изјави Лорен.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1