Ирачките безбедносни сили успеале да спречар масовен напад на Исламска држава откако пронашле и неутрализирале 18 кукли за деца наполнети со експлозив.
Куклите се пронајдени во североисточното предградие на Багдад, а цел на нападите биле шиитите, кои набрзо треба да тргнат на аџалик.
Планот на џихадистите бил да ги распоредат куклите долж патот од Багдад до Кербала, по кој поминуваат милиони шиити за време на аџилакот.
Ирачките власти апелираат до граѓаните да пријават какви било сомнителни објекти на кои ќе наидат.