Сакале или не: Фејсбук отсега ќе ве „тагнува“ на сите фотографии на оваа социјална мрежа!


Доколку сте поставиле некоја своја фотографија на оваа социјална мрежа неодамна, можеби сте забележиле со колку успех Фејсбук препознал кои од вашите пријатели се на неа. Оваа социјална мрежа станува се подобра во препознавањето на лицата – многу подобра.fejsbuk

Новинарот на сајтот Dailydot  решил да дознае колку точно е подобра. Тој поставил албум со 15 фотографии на Фејсбук за да утврди колку алгоритмот за препознавање лица станал напреден. Фотографиите никогаш порано не биле споделени и на нив се наоѓале неговите пријатели. Идејата била да се елиминира можноста Фејсбук овие фотографии да ги спореди со фотографиите кои веќе биле на неговите сервери. Социјалната мрежа веднаш ги идентификувала и ги „тагнала“ лицата на осум фотографии, а седум од осум „тагови“ биле точни. Од фотографиите кои не успеал да ги „тагне“ две се направени во темни простории, едната била заматена, а на едната пријателката ја променила фризурата и ги обоила веѓите.

Важно е да се напомене дека од Фејсбук не е барано да ги „тагнува“ овие фотографии – целиот процес автоматски се одвивал од моментот кога фотографиите се префрлени од мобилниот телефон. Автоматското скенирање на личноста исто така оневозможило правење приватен албум за тестирање бидејќи тој станал истиот момент видлив на сите лица кои на него биле „тагнати“.
Новинарот забележал и дека, кога Фејсбук ќе ве запознае, тој навистина ве запознава.

Неодамнешната практика на „тагнување“ на Фејсбук би можела да биде повод за узбуна (да, машината знае како изгледаш, и да, сака да заработи на тебе), но секоја „нетагната“ фотографија претставува пропуштена прилика да се активираат корисници. „Тагнатиот“ корисник најверојатно ќе ја погледне таа фотографија, ќе ја „лајкне“, а коментарите ќе почнат да пристигнуваат – сето ова значи долари за Фејсбук.

Судејќи по некои извештии, технологијата за препознавање на цртите на лицето на Фејсбук т. н. Длабоко Лице, на поедини тестови е подеднакво добра како луѓето. Можеби ви поминуваат морници поради фактот дека Фејсбук сега може да ги идентификува и без ваша волја да ги „тагнува“ фотографиите, но тоа е само мало делче од Фејсбуковата голема слика која е сосема сигурно многу поголема, а на кого таа не му се допаѓа, решението е крајно едноставно – „delete account“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1