Сакам да имаме бебе – стравични предлози на педофилот од Врање, на девојчето кое го прогонувал


-По цел ден плачам. Срам ми е и исплашена сум дека ќе ги повреди моите, бидејќи рече дека кога ќе излезе од затвор ќе ги унакаже моите – вака за српски Блиц, ја започнува својата исповед 13 годишната Н.С. од Врање, жртва на Ненад Стевановиќ Роки (37) кој е уапсен поради сомнеж дека вршел недозволливи полови дејствија врз девојчето.2dete-1

Едногодишната комуникација со 24 години постариот маж на девојчето на почеток не му пречела.

-Се запознавме преку Фејсбук. Ми прати порака „Што правиш, како си?“ и така почна се. Видов дека е постар, но тоа на почетокот не ми пречеше. Се заљубив – рекло девојчето.

За времето додека комуницирале и се гледале, Стевановиќ и купувал разни подароци.

-Од него добив плишано мече, парфеми, магнет…Сега сето тоа е во суд – објасува таа.

Честото спонување на свадба од страна на Стевановиќ и раѓањето деца девојчето од време на време почнало да го одбива од него.

-Пред него имав момче на мои години и тој никогаш не зборуваше за брак. Ненад често зборуваше:Сакам да имам бебе со тебе, Сакам да спијам со тебе. Јас му велев да не зборува за тоа бидејќи имам само 13 години. Дека тоа не ме интересира. Тој никогаш не се обиде да спие со мене, бидејќи јас не го дозволува тоа- рекло девојчето и додало дека Стевановиќ не ја запознал со ниту еден пријател.

Како што истакнало од раскинувањето живее во голем страв.

-Се плашам што може да им направи на моите. Страв ми е да не ги пречека некаде и да не ги повреди. Ми рече дека кога ќе излезе од затвор ќе ги унакаже моите, дека ќе го запомнат. Но тој може да каже и на некој другар да го направи тоа. Многу се плашам и многу ми е страв – рекло со растреперен глас Н.С.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1