„Сакам деца, вкусни се“ – најбизарни изјави на сериски убијци


„Сакам деца, вкусни се“ гласи изреката по која ќе биде запаметен еден од многуте монструми во САД што во својата биографија запишале низа жртви на кои им го одзеле животот

zodiak killer„Ако сините човечиња сакаат да ме фатат, нека станат и направат нешто во врска со тоа“ е изјавата на познатиот убиец Зодијак. Неговите дела ги извршил во шеесеттите и во седумдесеттите години од минатиот век на територијата на Калифорнија.

Пукал во млади двојки.

Важи за еден од најзагадочните убијци, бидејќи иако фалејќи се и оставајќи траги, а и постојано испраќал кодирани писма до новинарите, сѐ уште не е фатен.

На писмата што ги испраќал се потпишувал со знак од зодијакот, од каде што и го добил името Убиецот Зодијак.

Во нив тој споменува дека убил 37 луѓе, но докажани се само пет.

Dennis_Rader_bookingДенис Радер бил член на американските воздухопловни сили од 1974 до 1991 година и во тој период убил десет луѓе во областа Седвик.

Тој како оправдување за грозоморните дела рекол:

„Навистина мислам дека е можно да сум опседнат со демони оти како дете сум паднал на глава“.

Полицијата тешко го открила бидејќи имал многу неповрзана шема на убивање. На крајот успеале да го најдат преку споредување остатоци од неговото тело најдени на едно од местата на злосторствата со примерок од ткиво земено од неговата ќерка.

ajlin vurnosБројот на жени-сериски убијци е помал, но Ајлин Вурнос е една од тие што ја обележале црната американска и светска статистика.

„Вашите жени и деца треба да ги силуваат, и тоа во задникот“ е нејзината бизарна изјава.

Како дете семејството ја терало на инцест и да дава сексуални услуги во замена за цигари. Кога на 14 години останала бремена, не знаела дали татко на детето е нејзиниот брат или дедо. Тогаш излегла од дома и избегала во шума за потоа да почне да патува низ Америка работејќи како проститутка.

За седумте убиства за кои е осудена се бранела со тоа дека мажите ги убила во самоодбрана оти се обиделе да ја силуваат.

albert fish„Сакам деца, вкусни се“ е можеби и најбизарното нешто што го рекол еден сериски убиец.

Се смета дека жртва на силување, убиство и канибализам било барем по едно дете од секоја од 53-те сојузни држави во Америка, каде што оперирал Албер Фиш.

Тој пател од ментални болести, а бил познат под прекарот Бруклинскиот Вампир.

Вешто ги извршувал убиствата, бидејќи на крајот не можеле да се докажат сите, а бил осуден на смртна казна само за киднапирање и за убиство на девојка.

На денот на погубувањето, кога го ставиле на електричен стол, дошло до спој, бидејќи тој имал голем број игли во своето тело, кои додека бил во затвор уживал да си ги боцка во утробата и во уринарниот тракт.

djon vejn gejsiВо досието на Џон Вејн Гаси е запишано убиство на 12 лица.

Тој мамел деца да отидат во неговиот дом, каде што ги силувал, а потоа и ги убивал.

Иако е осуден за само 12 случаи, сепак пронајдени се уште 26 тела во неговиот подрум, шест закопани на неговиот имот и три што ги фрлил во реката Хадсон.

Неговата позната изјава гласи:

„Единствено нешто за кое може да ме фатат е за возење погребна кола без дозвола“. Бидејќи настапувал како кловн на добротворни настани тој е познат и како Кловнот-убиец.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1