Американската компанија Боинг во следните 20 години ќе има потреба за 498 илјади нови пилоти за авиони кои треба да бидат испорачани до 2032.
Како што јавува францускиот весник Атлантико повикувајќи се на студијата на Технишен Аутулук, во наредните дваесет години флотата на Боинг ќе биде дуплирана, и ќе бидат вработени 556 илјади нови пилоти, техничари и останати членови на посада.
На основата на нарачка на планираните авиони до 2032 во светот годишно ќе има потреба од по 25 илјади нови пилоти за управување на авионите на Боинг и по 28 илјади техничари.
Како што се тврди во студијата, азиско-пацифичкиот регион во следните 20 години ќе има потреба од 192.000 пилоти и 215.300 техничари за управување и сервисирање на Боинг авионите, Европа 99.700 и 108.200 техничари. САД 85.700 пилоти и 97.900 техничари.
Латинска Америка ќе има потреба од 48.600 пилоти и 47.000 техничари, а Блискиот исток 40.000 пилоти и 53.100 техничари. Африка 16.500 пилоти и 15.900 техничари и Русија 15.200 пилоти и 18.000 техничари.
Еве го сајтот каде боинг ги објавува новите работни места кои се отворени за конкурирање – Боинг