Полицијата во Шпанија откри перфектни фалсификатори, кои во две тајни илегални работилници, од обични автомобили правеле луксузни возила како Ферари и Астон Мартин, ламборџини.
Автомобилите ги изработувале до перфекција, многу добро ги копирале оригиналите како во дизајнот, така и во однос на деталите на моторот.
Во акцијата се уапсени вкупно осум лица. Пет од нив се уапсени во Валенсија, во западниот дел на Шпанија, а три во Мадрид. Конфискувани се 19 возила, 17 копии на Ферари и 2 на Астон Мартин.
Kлиентите на криминалната група, биле информирани дека не купуваат оригинален автомобил.
Акцијата била спроведена по жалба на Ферари.