Ако сакате брзо да го пополните паричникот, треба што побрзо да набавите crassulа ovata, познатo како дрво на пари. Според фенг шуи, се верува дека присутноста на ова растенија ги привлекува парите, а се верува и дека позитивно влијае на работата и дека прави пари со неговите месести листови слични на монети.
Во некои азиски земји овие растенија се пренесуваат од генерација во генерација.
Растението не бара многу, многу е отпорно, а ако се грижите за него може долго да трае. Се што му треба е светлина, затоа што без неа листовите ќе се осветлат, а растението ќе се издолжи. Во топлите делови од годината може да се изнесе надвор, но важно е да не се изложува на директно на сонце. Секако, тогаш потребно е повеќе да се залева, но тоа треба да се прави тогаш кога земјата е потполно сува. Имено, ако земјата е премногу влажна, листовите може да паднат, а коренот да изгние.
Со цел да има што пораскошна корошна, можете да го пресечете. Ако го пресадите во поголем сад, со дополнителна прехрана, побрзо ќе напредува. Земјата на кактуси е најсоодветна за одгледување на овие растенија.