Владата на Република Македонија распиша оглас за ангажирање на околу 379 лица за раководни позиции во државната управа и за членови во управните и во надзорните одбори.
Премиерот Никола Груевски рече дека со ваквиот систем на работа ВМРО-ДПМНЕ во изминатите години оформил огромен круг на квалитетни и посветени кадри, без разлика на нивната партиска определба.„Секој кој со душа и срце сака да работи за Македонија е добредојден да се пријави и да конкурира. Ова е повика за привлекување на најдобрите и најквалитетни кадри од земјата и од дијаспората, независно од нивната етничка или верска припадност или пак, политичка определба, кои ќе треба да ги пополнат испразнетите функционерски места или оние на коишто им завршуваат мандатите.“, рече Груевски.
Огласот ќе трае до 30 јуни и се однесува за 159 раководни позиции во државната управа, меѓу кои пет амбасадорски места, осум воени аташеа, 15 позиции на државни секретари во министерствата, повеќе од 20 директорски места на централни и државни органи, како и дваесетина позиции на директори на научни установи. Распишан е и оглас за повеќе од 220 членови на управни и надзорни одбори.
Линк до – Огласот