Катарската авиокомпанија Катар Ервејс повторно регрутира стјуардеси од Македонија. Според информацијата објавена во дневните весници, сите заинтересирани кандидати и кандидатки кои сакаат да работат како стјуардеси и стјуарди можат своето CV да го донесат на 1 ноември во хотелот Холидеј Ин во Скопје од 9 до 17 часот, каде што ќе имаат средба со тимот на Катар ервејс.
Се што треба да имаат заинтересираните лица се да се постари од 21 година, да имаат досет со рацете од 212 сантиметри, најмалку средно образование, прецизно и течно да говорат и пишувааат на англиски јазик, и да имаат одлично здрајве и физичка подготвеност.
Оваа комапнија е позната како глобална авиокопманија со пет ѕвезди, која ги предизвикува воспоставените норми и претставува лидер во авионските услуги – стои меѓу другото во огласот на оваа компанија.
Емагазин.мк